Уапсени девет лица за поседување дрога, на забава на Долна Бабуна

Петар Печков

Саботата кон неделата ноќта, велешката полиција, уапсила  девет лица, од нив тројца малолетници, кај кој била пронајдена дрога. Сите присуствуваел на забава на долна Бабуна.  Деталите од информацијата на СВР Велес. 

„Во периодот од 22.00 часот на 20.07. до 01.30 часот на 21.07.2024, за време на одржување на забава на место викано „Бабуна“, велешко, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Т.Ѓ.(29 год), Ф.Ј.(30 год ), Ф.Ѓ.(29 год), сите од Скопје, М.Н.(22 год) од Прилеп, Н.А.(23 год), И.С.(28 год), двете од Скопје и тројца малолетници. При преглед кај лицата биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, зелена тревкаста материја, бела грутчеста материја, таблети и други предмети. Исто така, Т.Ѓ. се однесувал агресивно и ги спречувал полициските службеници при преземањето службени дејствија“- информираше Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

За случајот известен бил јавен обвинител и по целосно документирање, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати