Украдени десетина млади садници на јавори од Градскиот парк, засадени пред две години

Петар Печков

Во непознат временски период, дел  од новите млади садници во Градскиот парк во Велес се уништени. Тие се искорнати или искршени. За ова сведочат сограѓани кои претпладнево минувале во овој дел од паркот, покрај помошното фудбалско игралиште, кое се реконструира.

„Очигледно е дека според ископаните дупки за отстранување на садниците, истите биле украдени со намера да се засадат на нечиј друг простор, двор а двете се искршени поради невнимателност при крадењето“ - вели лицето кое информираше за инцидентот  

Oд ЈКП Дервен соопштија дека  нивни вработени алармирале,  биле на местото од настанот.

„ Две од садниците се искршени а осум се украдени. Тоа се садници од млади јавори засадени пред две години,  високи 2,5 метри“- изјавија од ЈКП Дервен.

Од локалната власт најавија дека за случајот ќе го информираат и СВР Велес, истиот да се истражи, бидејќи значајна е сумата на штетата  а строителот имал јасна намера да ги украде.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати