Футсал екипата на Велес во серија на голови и победи

Петар Печков

КМФ Велес со нова победа  го заврши годинашниот дел од  Првата футсал лига. Со 7:1 велешани , во салата Гемиџии ја победија екипата на  Хедис со 7:1.  Стрелци на головите, во натпревар со познат победник,  беа  Игор Леовски, Таулант Исмаили, Дарко Ранготов (2 гола), Ферид Агуши, Иван Крстевски, Драган Петровиќ. По 11 кола Велс паузата ќе ја пречека како прв со 31 бод, три повеќе од  екипата на Шкупи, кој па има натпревар помалку.  Првенството продолжува на 212 јануари , кога Велес  гостува на Железарец во Скопје. 

 Последниот натпревар во годинава го имаа и одбојкарите на Борец . Тие на гостувањето во Пробиштип, загубија со 3:1 од истоимената екипа, која го дели врвот со Струмица.  По сетови тоа  беше изедначен натпревар (-21, 28, -21, 19) во кој нијанси решавале за победникот. По ова седмо  коло ГОК  Борец е  четврти  со 11 бодови, зад Вардар кој  има 12 и  Лешок со 10 бода. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати