Футсал екипата на Велес на три чекори до титулата

Петар Печков

Футсал екипата на Велес во 21-то коло  забележа сигурно победа во Скопје од 2:5 против финалистот на годинашниот Куп, Јувентус Серава.  Домаќинот кој е петти со 28 бода, не беше дораснат противник за да се закани на велешките футсал фудбалери. И натаму КМФ Велес е лидер со еден бод повеќе од сеуште актуелниот шамиопн Шкупи од Скопје. Во следното коло КМФ Велес игра повторно дома против скопски Железарец кој е четврти со 30 бода. 

Женската фудбалска екипа на Борец со 5:0, дома ан Градски  го победи составот на Њу Јорк,  кој е последнопласиран. Со овие три бода велешанки се зацврстија на третото место со 31 бода од 16 натпревари. Во среда играат против лидерот Драгон, кој не знае за пораз.

Второлигашот ФК Борец 1919 дома славеше со 3:0 (1:0) против Плачковица од Радовиш. Со головите на Коцев, Ацевски и Ѓоргиев велешани дојдоа до три бода со што останаа на второто место со еден бод предност над Брегалница.  Во следното коло, сабота се игра дербито  велешани госуваат во штип на Брегалница, натпревар кој може да реши кој ќе биде втор, на Борец му е потребен и бод за да размислува за баражот за пласман во Прва лига. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати