Велес ќе добие покриен базен а постојниот за летово ќе се санира

Петар Печков

Постојниот базен со олимписки димензии ќе се реконструира и летово ќе биде подготвен за ги прими капачите. Ова го најави градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција. 

Базенот летово сигурно ќе работи, оти за ништо друго не сум бил критикуван како за неговата не работа лани. Стручните лица од локалната власт ми  објаснуваа дека може да има тешки последици ако не се реновира, а времето беше кратко за да се преземе нешто.  Годинава на време ја започнавме постапката  и летово тој ќе работи со тоа што максимално ќе ја гарантираме безбедноста на сите посетители  - рече градоначалникот Коцевски. Спомена дека  се планирани 50 илјади евра за санација на базенот.

Веднаш до него, каде што се клацкалките, шанковите, од кај влезот, ќе биде изграден покриен пливачки базен.   Неговите надворешни димензии се  20х30 со 5,6 метри височина додека на водената површина  е 25х9 метри со четири пливачки ленти и длабочина од 0,80 до 1,20 м.   Него ќе го гради Агенцијата за млади и спорт а Велес е еден до 14 града каде до крајот на годината треба да се изградат овие објекти. 

 Имавме проблеми со локацијата. Таа што ние ја предложив е во дворот на ОУ Васил Главинов од Министерството за образование не даваат согласност. Така велешани ќе добијат спортски комплекс, каде велешани преку целата година ќе можат да се релаксираат и спортуваат. Од нас, Општината зависи кога ќе започне да се гради или колку брзо сами себе ќе си издадеме дозвола за градба. Потоа ќе може да се пристапи на најдобар изведувач на работите потоа и со градба - објасни Коцевски.     

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати