Петар Печков
Објавено: среда, 24 септември 2025
Жителите на Тиквешијата се лидери од регионите во Македонија, каде има најголем број регистрирано случаи на лица кои возеле автомобил во алкохолизирана состојба и тоа со висок промил присуство на алкохол во крвта.
За пет месеци, април-август, ОЈО Кавадарци, од СВР Велес добило 14 кривични пријави за делото „Безобѕирно управување со моторно возило“. Во еден случај Основен суд Кавадарци изрекол пресуда по казнен налог- глоба од илјада евра. Во два случаи има и алтернативна затворска казна, дека обвиентиот ќе лежи ако во определен временски рок не стори ново кривично дело.
„Постапувајќи по добиените кривични пријави, обвинителството до надлежниот суд поднесе осум предлози за казнени налози и два обвинители предлози, а во останатите предмети во тек е предистражната постапка. Судот, по поднесените предлози за казнени налози, во еден случај ја има определено паричната казна, а во останатите седум случаи се уште нема одлука. По поднесените обвинителни предлози, обвинетите се огласени за виновни во двата случаи и изречена им е условна осуда“ – соопштија од ОЈО Кавадарци.
Во сите случаи, надлежниот јавен обвинител предложил а во три каде има и пресуди, судија од Основен суд Кавдарци изрекол и забрана за управување со моторно возило на одреден временски рок. ОЈО Кавадарци ги покрива општините Кавадарци, Неготино и Демир Капија.
Само овој месец, во септември СВР Велес информираше за повеќе случаи, каде учесници се возачи од Тиквешијата. На 2 септември во 00:35 во Неготино, Д.С.(29 год) од Кавадарци, возел дејство на алкохол, со 2.67 промили алкохол во крвта. Два дена подоцна 4 септември во 14:15 часот во Неготино А.П.(50 год) од село Корешница, демиркаписко, управувал возило под дејство на алкохол, со 2.89 промили алкохол во крвта. Истиот ден вечерата во 19:45 часот во Кавадарци, Д.Т.(50 год) од Кавадарци, возел со 2.57 промили алкохол во крвта. На 7 септември во 15:20 часот на регионалниот пат Кавадарци-село Возарци, В.А.(65 год) од село Дреново, кавадаречко, излетал од патот, и имал 2,62 промили алкохол во крвта. На 14.09.2025 во 03:40 часот во Кавадарци Ј.С.(38 год) од Неготино. управувал патничко возило „мазда“ со измерени 2,38 промили алкохол во крвта