Од Железничка станица Велес, украдена инсталација, кабел во должина од 60 метри

Петар Печков

Средата вечер, вработени од Македонски железници, фатиле на лице место крадец на електричен кабел. Лицето украло околу 60-тина метри од кабелот, кој бил дел од инсталација на Железничката станица.   Била повикана полицијата.

„На 23.09.2025 во 20:30 часот во СВР Велес, извршен е службен разговор со А.Р.(34 год) од Велес, поради основано сомение дека на улица „Алексо Демниевски“, од необезбеден објект сопственост на Македонски железници, одзел електричен кабел“ – соопштија од СВР Велес.

Инсталацијата е цел на кражби, за потоа од неа да се топи пласиката за да се добие бакар, кој се препродава. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги поддржувате казните за пешаците кои минуваат со мобилен преку обележан пешачки и за возачите на тротинети и велосипеди, ако користат телефон или слушалки?

  • да
  • не
  • казните се ниски
  • казните се високи
Резултати