Ракометарите на Борец си ги бараат заработените пари

Петар Печков

Ракометарите на ГРК Борец  си ги бараат заостанатите плати, ја обвинуваат локалната власт дека не ги почитува договорите, од општината велат  управата треба да наоѓа спонзори. Пред десетина дена со отворени писмо, незадоволството од состојбата во клубот ракометарите на ГРК Борец и тренерите  го споделија со јавноста преку социјалните мрежи.  

Поради игнорантскиот однос од страна на Општина Велес и градоначалникот Аце Коцевски спрема целиот колектив на ГРК Борец во прашање е доведено понатамошното опстојување на клубот. Имено и покрај големото намалување на буџетот за последната полусезона играчите добија само 2 од договорените 5 плати. Клубот и покрај намалениот буџет,не исплаќањето на платите и настапувањето со млади домашни играчи успеа да избори опстанок и учество во супер лигата и наредна сезона,сезона во која учеството на Грк Борец е доведено во прашање. Самите изјави на првите луѓе на Велес дека за нив спортот е на последно место доволно кажува дали наредната сезона ќе има ракомет во правдата ќе ја бараат на суд. 

Градоначалникот Коцевски,,м кој беше прозван од страна на играчите објаснува дека локалната власт  го почитува договорот, но и дека управата треба да најде дополнителни средства.

 Во Буџетот за ракометарите има обезбедено средства во висина од 1,5 милион денари. Секој месец се исплатуваат согласно месечната динамика и досега се исплатени за сите претходни месеци. Управата треба да најде спонзори и дополнителни средства за да може клубот да работи, не само  да се потпираат на Буџетот на градот. Ако некој сака клубот да добива повеќе пари од општината треба да каже од каде да се скратат и да се префрлат на ракометниот клуб - изјави Коцевски.  

loading...

Поврзани »

За иднината на ГРК Борец
loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати