Фудбалерите на Борец со победа стартуваа во пролетниот дел од Втората лига Исток

Петар Печков

На продолжението од Супер лигата, пролетен дел, ракометарите на ГРК Борец дома загубија од второпласираната екипа на Работник од Битола со 21:27 (7:16). Откако од екипата на Борец заминаа најзвучните имиња,  очекувана беше победата на гостите. Тие беа постојано во водство, во средината на второто полувреме и со 10 гола предност 12:22. По ова, тие се опуштаат и велешани намалуваат на минус шест за конечни 21:27. Најефикасни кај домаќините  беа Ивица Лазаревски со 7, 5 на Зоран Стојановски и 4 Кире Мачавелов.  По ова 15 коло ГРК Борец останува на 7-та позиција со 10 бода а во следното коло гостува на Охрид кој е 4-ти со 25 бода.

Започна вториот дел од првенството на Втората лига Исток. На домашен терен фудбалерите на Борец 1919, во 15-тото коло  го победија тимот на Плачковица од Радовиш со 4:1, полувреме 2:0. Гостите кои се петопласирани на табелата со 21 бод не беа сериозен противник за  разиграните домашни фудбалери. По ова 15 коло Борец останува втор со 29 бода а веќе в недела се игра големото дерби во Струмица, против лидерот Беласица кој е во водство со 33 бодови. 

Во дербито, на хартија според пласманот во одбојкарското првенство Струмица со максимални 3:0 го совлада велешки ГОК Борец. Средбата се играше во салата на  ОУ Блаже Конески при што домаќинот само во вториот сет даде сериозен отпор на лидерот   освојувајќи 21 поен во вториот,  во  првиот 10   и во третиот сет  15 поени. Подмладената велешка екипа по ова 11 коло е четврта со 15 бодови. Во следното 12 коло, можност велешани да забележат победа оти му гостуваат на последно пласираниот тим на Лирија, кој досега нема ниту една радост. Утре пак во четвртфиналето на Купот велешани стартуваат од Штип против студентската екипа на Универзитет Гоце Делчев, кој лани ги исфрли во оваа фаза на натпревари. Можност за реванш иако сега  ГОК Борец  е остено ослабен. Се играат два натпревари, реваншот е во Велес следната среда.     

Продолжија натпреварите од Третата лига кошарка,каде настапува екипата на Борец баскет. Тие во 12-тоо коло, на гостувањето во Кочани кај Дино баскет загубија со 86:73. Домаќинеи кои се четвртопалсирани стигнаа до осмата победа сезонава а Борец останвуа на чест и со 18 бода е 6-ти од десет екипи. Во следното коло виекндов, дома играат со второпласираниот состав на табелата, Плачковица од Радовиш. 

Најдобрите во футсал, прволигашите неделава паузираа, но второлигашите го одиграа 17-тото коло. Во оваа конкуренција игра екипата на Гемиџии, која на гостувањето во Кавадарци, одигра нерешено 5:5  ( 0:3) со поранешниот прволигаш Црна река. Велешани водеа се до 17 секунди пред крајот кога домаќините израмнија. Ова беше дерби на Втората лига, оти домаќинот Црна река е лидер со 40 бода а Гемиџии се втори со 38. Така за 17 секунди на велешани  им избега можноста да бидат лидери на табеалта. Во следното коло, викендов Гемиџии играат дома со Шкендија од Тетово. 

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

На што ќе се греете зимава?

  • огревно дрво
  • пелети
  • нафта
  • ќумур
  • електирична енергија
Резултати