ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Техничар во оддел за одржување
Работни обврски :
Извршување на рутински и плански прегледи и одржување на машините и опремата
Идентификување и решавање на технички проблеми и неисправности
Извршување на поправки и замена на резервни делови
Поддршка во инсталација и монтажа на нова опрема
Придржување на стандардите за безбедност и процедурите за работа
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
ССС (Електро- техничар, Машински техничар или др. сродни занимања)
Познавање на англиски јазик
Познавање на работа со компјутери
Со или без работно искуство (предност имаат кандидати со работно искуство со машини)
Ние нудиме:
Пријатна работна атмосфера
Работно време во две смени
Организиран превоз
Работа со современа технологија и опрема
Доколку сте заинтересирани, пратете ја Вашата биографија (CV) на меил: hrmk@rontis.com или по пошта на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес с. Долно Оризари бб, Велес 1400 задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 17/04/2025 година .