Привршува истрагата на обвинителството за труењето на работниците во свињарската фарма во Амзибегово

Петар Печков

Јавен обвинител од ОЈО Свети Николе привршува со истрагата за смртта на еден работник и тешки повреди на втор работник, на свињарска фарма во селото Амзибегово.

Настанот се случи на  8 јануари 2024 година, лани, кога едно лице –работник почина а другото беше тешко повредено, при труење во свињарска фарма.  

„Основното јавно обвинителство Свети Николе е во завршна фаза со преземањето на истражни дејствија, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука“ соопштија од обвинителството.

Државниот инспекторат за труд, при увид на местото на несреќата, констатирал неправилности и не биле превземени  соодветни мерки во согласност со прописите за безбедност и здравје при работа.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати